Норвешката државна телевизија ќе емитува „часови по секс“

Норвешката национална радио-телевизиска компанија – НРК, до крајот на годината ќе почне да емитува емисија во која ќе бидат прикажувани двојки како водат љубов. Проектот е започнат со цел да им се помогне на тинејџерите да стекнат здрава слика за голотијата, нивните тела и за сексуалните односи.

Емисијата ќе биде насловена „Line fikser kroppen“ (чисто онака ви го спомнуваме насловот *намиг, намиг*), а конкурсот за двојки кои ќе се согласат јавно да имаат секс е веќе распишан.

„Главната идеја не е прикажување на сексуални органи во акција, туку оддалечување од вообичаениот начин на прикажување на сексот. Сакаме да им покажеме на младите дека станува збор за убава и интимна активност“, изјави водителката Лине Елвсашаген.

Главниот уредник на емисијата Хакон Мослет вели дека станува збор за нов вид програма која дава поинаков поглед од оној кој е застапен во порнографските филмови.

„Константното покажување на тела подложени на разни хирушки интервенции и кореографиран сексуален чин може кај младата популација да створи голем број илузии и лажни надежи. Ние веруваме дека со прикажувањето на целокупниот љубовен чин, а не само пенетрацијата, ќе успееме да ја промениме погрешната слика која младите ја имаат за сексот“, вели уредникот.

МИА

- Реклама -