Норвешка размислува за изградба на ограда на границата со Русија

Министерката за правда на Норвешка, Емили Енгер Мел изјави дека Осло би можел да постави ограда долж границата со Русија, по примерот на Финска.

– Оградата на границата е многу интересна, не само затоа што може да делува како одвраќање, туку и затоа што содржи сензори и технологија што ви овозможува да откриете дали луѓето се движат блиску до границата, наведе Мел.

Таа додаде норвешката Влада во моментов разгледува „неколку мерки“ за зајакнување на безбедноста на границата со Русија во северниот дел на Арктикот, како што се оградување, зголемување на бројот на граничниот персонал или зголемување на надзорот.

– Доколку безбедносната ситуација во регионот на Арктикот се влоши, норвешката Влада е подготвена да ја затвори границата на краток рок, истакна Мел.

Прочитајте и:  Путин им го честита на Русите „Денот на обединувањето“: Вистината е на наша страна, во Украина ќе се постигнат сите поставени цели

Норвешка, земја со 5,6 милиони жители, е членка на НАТО, не е дел од Европска Унија, но е во Шенген зоната.

- Реклама -