Норвешка, најголемиот извозник на природен гас во ЕУ, ја зголемува воената готовност поради војната во Украина

Осло, 31 октомври 2022 (МИА) – Норвешка од 1 ноември ќе ја стави армијата во готовност поради војната во Украина, изјави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе на прес-конференција.

Норвешка сега е најголемиот извозник на природен гас во Европската унија, обезбедувајќи околу една четвртина од европскиот увоз по намалувањето на протокот на руски гас.

„Ова е најсериозната безбедносна ситуација во последните неколку децении. Нема индикации дека Русија ја шири својата војна во други земји, но поради зголемените тензии, ние сме повеќе изложени на закани, разузнавачки операции и кампањи за влијание“, рече премиерот Гар Сторе.

Норвешка распореди војска за да ги чува своите офшор платформи и објекти на копно по нападот на Северен поток на 26 септември и доби поддршка од британската, француската и германската морнарица.

Прочитајте и:  Кремљ: Смешно и апсурдно е да се обвинува Русија за оштетување на каблите во Балтичко Море
- Реклама -