Велосипедот е здраво и евтино превозно средство, но ако не сте во форма, нагорнините можат да претставуваат вистински проблем. Норвешкиот град Трондхејм креираше револуционерно решение – ескалатор за велосипеди.
Дизајниран во деведесеттите од страна на човек на кого му се смачило секое утро да се појавува на работа испотен и исцрпен, лифтот Трампе, неодамна надграден и редизајниран како „CycloCable“ веќе пренел над 200.000 велосипедисти на врвот на 150 метарската велосипедска мака, а исто така е и голема туристичка атракција.
Велосипедистите ја ставаат едната нога на навалената платформа која ги турка низ брдо со брзина од 8 километри на час. Ескалаторот може да го употребуваат до осум велосипедисти истовремено. Иако е неспорно дека станува збор за практично и ефикасно решение, сепак, финансиските средства вложени во неговата реализација се вистински луксуз. Еден метар за ваков ескалатор чини околу 2000-3000 долари.