Нормално или не? Ја дои ќерката која веќе има 6 години

Дениз Самптер (44) се уште ја дои својата ќерка Бел (6) и не планира да престане во брзо време.

Таа смета дека доењето е доста здраво за нејзината ќерка и дека нема никакво негативно влијание. И синот кој е стар една и пол годинка, планира да го дои додека тој сака.

Бел се храни исклучиво со мајчино млеко, но вкупно цица најмногу два пати дневно, а најмалку еднаш неделно. Некогаш и се придружува и нејзиниот брат.

„ Мислам дека нема ништо чудно во тоа. Ги хранам и двајцата кога ќе побараат“, вели Дениз.

Таа смета дека тоа е многу корисно за децата.

„ Моите деца се ретко болни. Бо еднаш се разболе, но бидејќи и тогаш го доев, оздраве за 24 часа. Слично беше еднаш и со Бел. Ако се вознемирени, доењето ги смирува. Им помага убаво да спијат“, вели таа.

Луѓето кои ја познаваат добро отворено негодуваат.

– Од роднините често слушам коментари: „ Еве не повторно со млеко“, но не коментираат понатаму, бидејќи гледаат дека сум одлучна и дека ќе терам по свое – вели мајката.

Прочитајте и:  Татко си ја заборави својата ќерка-невеста на патот до олтарот (ВИДЕО)

Освен тоа, некои и говорат дека лошо влијае на Бел.

– Луѓето ми зборуваат дека така можам да ја уништам нејзината самодоверба. Но, таа е многу независна. Нејзините учители велат дека е многу зрела за своите години. Да сте ме прашале пред 10 години, не би рекла дека и денес ќе дојам. Но, тоа е една од најдобрите работи што сум ги направила за своето семејство, раскажува Дениз.

За Бел цицањето е сосема нормална работа. Таа во тоа не гледа ништо необично. И самата понекогаш се преправа дека ги дои своите кукли.

– Кога Бел ќе одлучи да престане, ќе бидам тажна, но тоа секако ќе се случи, тоа е природно. Имам чувство дека нема да сака уште долго. Но, не ја терам да престане. Истото ќе го направам и со својот син.

- Реклама -