Нордиската митологија вели: Уште 99 дена до крајот на светот

Таман кога заборавивме на Маите, стигнува ново претскажување за крајот на светот.

Наводно, според пророштвата во нордиската митологија, „Судниот Ден“ ќе се случи за точно 99 дена.

Синоќа, во Јорк, со звук од антички инструмент беше одбележан почетокот на одбројувањето до „Викиншката Апокалипса“.

Легендата вели дека нордискиот бог Хајмдал дувнал во рог за да ги предупреди луѓето на наближувањето на пропаста.

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/5/53/Ragnar%C3%B6k_by_Doepler.jpg

Се смета дека Викинзите верувале дека на крајот на светот ќе му претходат три сурови зими, меѓу кои нема да има лето (барем не какво што го знаеме), ќе исчезне моралот во човештвото и ќе се водат војни ширум светот.

Волкот Скол ќе го изеде Сонцето, а неговиот брат Хати – Месечината, што ќе доведе до исчезнување на ѕвездите, а Земјата ќе ја обземе вечна темнина.

Експертите за нордиска митологија пресметаа дека Викинзите верувале дека апокалипсата ќе се случи на 22 февруари 2014-тата. Тој ден, светот ќе биде погоден од земјотрес, нивото на морето ќе се покачи, а земјиното тло ќе биде прекриено со отрови.

Прочитајте и:  Со „Едвард II“ велешкиот театар гостува на Фестивалот на актерот во Никшиќ

Даниел Дардаган, од норвешкиот Викиншки центар во Јорк, вели дека неодамна и се случиле нештата кои се предвидени во митологијата. Зимава може да се протолкува како „мешавина од сите нив соединети во една“, а симптоматична е и појавата на змијолики риби кои неодамна се појавија на брегот на Калифорнија, кои на Дардаган неверојатно многу му наликуваат на оние од митовите.

http://mb.cision.com/Public/8179/0/a7ff86d252242be9_800x800ar.jpg

Меѓу другото, споменатиот датум е и денот кога ќе заврши овој „Викиншки фестивал“ во Јорк,  а звукот од рогот е повеќе навестување за почетокот на истиот, отколку предупредување за Апокалипсата.

Секако, нема место за паника. Дури и предупредувањата да се сериозни и да не се работи за фестивал со нордиска тематика, на човештвото неколкупати му појде од рака да го преживее „крајот на светот“.

- Реклама -