Ноле, најдобар на сите времиња. Кои се шансите?

Во веројатно најблескавата ера на тенисот Ѓоковиќ има премногу тешка задача. Пред него стои најголемиот предизвик кој може да го почувствува еден спортист, посебно кога станува збор за индивидуалните спортови. Кога би го споредиле со „најдобриот на сите времиња“ – Роже Федерер кој 5 години речиси и да немаше конкурентен противник, тој од 2006 наваму игра во една од најтешките конкуренции во овој спорт.

Неговиот тримф на последниот УС Опен е една од попопуларните теми со кои се занимава тениската публика. Победувајќи го, во моментов неговиот најсериозен ривал, Ѓоковиќ по втор пат го освои Њу Јорк, стана играчот кој ја надмина границата од 16 000 поени на АТП листата и ја освои неговата 10та Гренд Слем титула.

Дали последниов податок може да ги отвори шансите на Ноле за светска историја?

Со оглед на фактот дека во годината се одржуваат 4 Гренд слем турнири, а Ѓоковиќ го игра најдобриот тенис во неговата кариера, се што му е потребно е само да ја одржи формата.

Наредниот „голем“ турнир се игра во Австралија каде Ѓоковиќ е „резидент“, со оглед на тоа што пет пати го има подигнато овој пехар.

До вчера делуваше невозможна мисијата дека некој може да го престигне Федерер во наредниве 100 години.

Денес работите се поинакви!

- Реклама -