Ноле: Единствениот вистински трофеј за мене е Стефан

Нема подобар начин да се заврши денот, од тоа да го поминам со моето семејство – напиша најдобриот тенисер на светот на својот Фејсбук профил и објави фотографија на која ужива со синот.

Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на мастерс во Мајами. По победата против Енди Мареј, Ноле себеси си дал одмор па отишол на релаксирачка масажа. Но, не бил сам. Со себе го земал својот најдобар пријател, својот шест-месечен син Стефан.

595701_zab-nole-sa-stefanom_f

– Овој мал другар е мојот најскапоцен трофеј- напиша Новак на социјалната мрежа покрај фотогарафијата на која игра со наследникот, додека масерот ја работи својата работа. Се разбира, сликата ја имаат проследено многу коментари со восхит и честитки за успесите на теренот, но и во приватниот живот.

595699_profimedia0237265249_f

По дружењето со синот, Ноле слободното време го подарил и на својот тим, со кој отишол на пливање, но и на фоторепортерите, пред кои позирал пред самиот спортски центар каде се одржал натпреварот.

595698_profimedia0237264924_f

На фоторепортерите не им било тешко да направат добри слики од Ноле бидејќи тој знае да позира. Искусен и непосреден каков што е, правел шеги на своја сметка и добил позитивни реакции од околината.

595700_profimedia0237265197_ff

- Реклама -