Веројатно и вие понекогаш споделувате фотографии од работното место, ама тешко дека можете да ги достигнете висините на Кристијан ван Хајст, пред сé во буквална смисла.
35-годишниот пилот секогаш со себе носи фотоапарат, документирајќи ги фасцинантните глетки од илјадниците градови, ѕвезденото небо, Млечниот пат, Поларните светлини итн., на кои наидува за време на своите летови на 9.000 и повеќе метри височина.
„Понекогаш е тешко да им се опише на луѓето што е толку специјално во ноќното летање… Многу често јас сум единствениот човек кој ја гледа сликата од таа гледна точка, и едноставно чувствувам желба да ја уловам таа убавина и да ја поделам со светот“, вели ван Хајст. Погледнете: