Nokia се извини за лажираната реклама (видео)

Излегувањето на Nokia Lumia 920 беше пропратено со претставувањето на новиот систем за стабилизација на фотографиите и избистрување при недоволна светлина. Она што ги разлути ентузијастите од целиот свет беше лажирањето на рекламата за овој нов телефон.

Во рекламата се прикажува разликата помеѓу видео снимено без системот OIS, на „друг смартфон“ и видеото снимено со OIS на Nokia Lumia. Она што одговорните за маркетинг во Nokia не го забележале во рекламата пред нејзниото излегување е дека во еден кадар се забележува комбето и камерата со која е снимено видеото.

{youtube}A-TZmvZTwSk{/youtube}

Овој проблем е само уште еден врз купот проблеми што го има компанијата, која полека но сигурно ја губи битката со Андроид и iOS. Во обидот да се ублажи штетта, беше објавено извинување, во кое се вели дека се работело за „симулација на квалитетите на новиот систем на Lumia 920“, а се додава уште и дека тоа требало да стои како дисклејмер. Потоа, извинувањето се претвара во дополнителна промоција, при што е додадено уште едно видео кое ги демонстрира квалитетите на OIS.

{youtube}6HSbhyaH0vw{/youtube}

- Реклама -