Nokia Asha 503 – Блескаво телефонче

Nokia Asha 503 e мобилен телефон кој со цело право може да се нарече така а, не смартфон модерен термин кој се користи за новите уреди. Nokia Asha 503 ќе ве врати во времето кога главна преокупација на секој сопственик беше да поседува телефон за да може да разговара и да праќа пораки, а доколку истиот поседуваше камера, mp3 плеер или интернет се доживуваше како голем бонус. Во продолжение да погледнеме дали сеуште вреди да се поседува обичен мобилен телефон на кој не може да се користат голем број на апликации и да се играат модерни 3D игри.

Дизајн

Nokia Asha 503 е едно од најблескавите телефончиња кои ќе ги сретнете на пазарот, а за тоа најмногу допринесува пластичната маска која на прв поглед ќе ве излаже дека можеби е искористено стакло. Со овој материјал е постигнат еден интересен ефект на рефлексија и може да се каже дека ваквиот дизајн на сите ќе им се допадне. Nokia Asha 503 иако нема супер квалитетни компоненти сепак има гломазно тело кое најмногу се истакнува со дебелината од 12.7 mm, додека пак неговата висина и ширина од 102.6 x 60.6 mm се во прифатливи рамки.

Под екранот се наоѓа само едно физички копче означено како Back и неговата функција е да ве врати чекор поназад од менито што го користите. За екранот на Nokia Asha 503 не треба да се трошат премногу зборови, па затоа не очекувајте Full HD стандард или некоја голема деталност, но затоа ќе бидете задоволни од пристојната слика која е видлива без никакви недостатоци за еден обичен телефон. Употребен е 3 инчен капацитативен LCD дисплеј со резолуција од минорни 240 x 320 пиксели и само 264 илјади бои.

„Паметен софтвер“

Asha 503 нема капацитет да работи со целосните верзии на апликациите за Windows или другите оперативни системи, но Nokia сака да ги нарекува телефоните од Asha серијата смартфони поради можноста за многу функции во софтверот. Nokia Asha 503работи на модернизирана верзија на MeGoo платформата и е еден чекор понапред од „обичните смртници“ меѓу мобилните со можност за употреба на апликации како Facebook, Twitter, WhatsApp, сервисот за мапи и навигација Nokia HERE и по некоја игра како Plants vs Zombies.

[youtube]http://youtu.be/qPF_cCIsvUE[/youtube]

Хардвер

Без оглед колку напреднала технологијата во последните неколку години обичните телефони се далеку зад смартфоните, а од тоа не е исклучок ниту Nokia Asha 503 кој има многу слаби хардверски компоненти и тоа во комбинација со слабо оптимизираниот софтвер доведува до бавни реакции и кочења, но бидејќи телефонот нема премногу често да се користи за интернет сервисите тоа и не е така голема пречка. Nokia Asha 503 има едно јадрен процесор од 1.3 GHz, 128 MB RAM и само 170 MB вградена меморија која за среќа може да се надополни преку microSD картичка од 32 GB која е вклучена во пакетот. Asha 503 подржува Wi-Fi и Bluetooth конекција и работи на 3G мрежа што значи дека ќе имате брз трансфер на податоци на интернет. Телефонот го користи Nokia Xpress интернет прелистувачот кој има опција за зумирање на сликата.

[youtube]http://youtu.be/ujHiG8y7Jpo[/youtube]

Камера

Nokia Asha 503 има квалитетна 5 мегапикселна камера која нема да ве разочара и сосема одговара на категоријата во која се наоѓа овој телефон. Дополнителна предност е корисничкиот интерфејс кој нуди повеќе опции за прилагодување на камерата со што може да добиете поквалитетни слики во различни ситуации. Камерата има фиксен фокус и блиц, додека пaк квалитетот на снимените видеа е многу послаб со резолуција од само 480 x 320 пиксели.

[youtube]http://youtu.be/o4zCuWTKQEQ[/youtube]

Заклучок

Nokia Asha 503 доколку се анализира само како уред во категоријата во која припаѓа може да добие висока оценка без многу мислење, порафи интересниот дизајн, напорите на Nokia да внесе „смарт“ функции во софтверот, како и камерата од 5 мегапиксели која ќе ви овозможи да правите слики од вашето окружување. Сепак ако се спореди со вистинските смартфони од ниската класа како LG Opimus L2, Samsung Galaxy Young, Sony Xperia sola и останатите евтини Android уреди се поставува прашањето дали вреди да потрошите пари на обичен телефон како Nokia Asha 503 кога за истата сума може да добиете многу поквалитетен смартфон со пристап до сите модерни сервиси и функции. Доколку пак не сакате смартфон и потребен ви е едноставен телефон со мал број на функции и ниска цена тогаш може да размислите за купување на Nokia Asha 503.

Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk

- Реклама -