Нобеловата награда за медицина доделена на американски научници за откривањето на микроРНК молекулата


Американските научници Виктор Амброс и Гери Рaвкин ја добија Нобеловата награда за медицина за нивното откритие на микроРНК молекула и нејзината клучна улога во разбирањето на тоа како растат и живеат повеќеклеточните организми, соопшти во понеделникот телото коешто ја доделува наградата.

Во соопштението за печатот, Нобеловиот комитет наведува дека овогодинешните лауреати откриле нов тип ситни РНК молекули кои играат клучна улога во регулацијата на гените.

Научниците станаа лауреати на наградата за „откривање на молекулите на микроРНК и нивната улога во пост-транскрипциската регулација на дејството на гените“, според образложението на одлуката на комитетот. Се забележува дека микроРНК „игра фундаментална улога во развојот и функционирањето на организмите“. Така, нивното откритие, објавено во 1993 година, „откри сосема нов принцип на регулација на гените“ што „има важни импликации за повеќеклеточните организми, вклучително и луѓето“.

„Нивното револуционерно откритие откри сосема нов принцип на регулација на гените, кој се покажа како клучен за повеќеклеточните организми, вклучувајќи ги и луѓето. Нивната работа објаснува како клетките се специјализираат и се развиваат во различни типови, како што се мускулните и нервните клетки, иако сите клетки кај поединецот го содржат истиот збир на гени и упатства за раст и опстанок“, се вели во соопштението.

Томас Перлман, секретар на Нобеловиот комитет за физиологија и медицина, рече дека разговарал со Равкин по телефон откако го разбудил рано наутро по американско време и дека е многу среќен и ентузијастичен.

Сè уште не можел да стапи во контакт со Амброс.

Амброс е професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Масачусетс, додека Рувкун е професор на Медицинскиот факултет Харвард и исто така е поврзан со Општата болница во Масачусетс во Бостон. Истражувањето на Равкин беше спроведено во Општата болница во Масачусетс и Медицинскиот факултет Харвард, каде што тој е професор по генетика.

Амброс, инаку, е роден на 1 декември 1953 година, а докторирал на Технолошкиот институт во Масачусетс (MIT) во 1979 година. Добитник на бројни научни награди, тој е познат по тоа што е првиот што ја открил микроРНК молекулата. Равкин е роден на 26 март 1952 година, тој работел со Амброс на проучување на микроРНК и е член на Американската академија за уметности и науки.

Научниците ја добија наградата за медицински напредок за 2015 година, основана во 2013 година од интернет-претприемачите Јури Милнер (Mail.ru Group), Марк Цукерберг, Сергеј Брин (Гугл) и неговата поранешна сопруга Ен Војчицки (23andMe).

Наградата вклучува паричен износ од 11 милиони шведски круни (970 илјади евра).

Добитниците на наградата за физиологија или медицина ги избира Нобеловиот комитет на шведскиот медицински универзитет Каролинска институт.

Како и секоја година, наградата за физиологија или медицина е првата во низата Нобелови награди, веројатно најпрестижните награди во науката, литературата и хуманитарните напори, а останатите пет ќе бидат доделени во наредните денови.

Создадени по волјата на шведскиот претприемач и пронаоѓач на динамитот Алфред Нобел, наградите се доделуваат за откритија во науката, литературата и мирот од 1901 година, а економијата е подоцнежно дополнување.

Различни институции доделуваат награди во различни области, а наградата за мир е единствената што се доделува во Осло, а не во Стокхолм.

Претходните добитници на Нобеловата награда за медицина вклучуваат многу познати истражувачи како Иван Павлов во 1904 година, најпознат по неговите експерименти за однесувањето на кучињата и Александар Флеминг, кој ја подели наградата во 1945 година за откривање на пеницилин.

Минатогодишната награда за медицина им беше доделена на Каталин Карико, унгарска научникчка и Американецот Дру Вајсман, за откритијата што го отворија патот за вакцини против ковид-19 кои помогнаа да се спречи пандемијата.

Наградите за наука, литература и економија им се доделуваат на лауреатите на церемонијата на 10 декември, годишнината од смртта на Алфред Нобел, по што ќе следи раскошен банкет во градското собрание на Стокхолм.

Истиот ден во Осло се одржа посебна церемонија за добитникот на наградата за мир.

- Реклама -