No Doubt конечно се враќаат на сцената

Откако групата No Doubt најави дека конечно привршува со новиот албум чие име сѐ уште е непознато, сега го најавува своето враќање на сцената со настапот на Teen Choice Awards, кои ќе се одржат на 22 јули.

No Doubt се засега единствените потврдени изведувачи на американските награди. Групата ја сподели информацијата на својот профил на Твитер.

Во последните неколку месеци бендот активно работи на следбеникот на „Rock Steady“ кој излезе во 2001 година. Иако првично Гвен Стефани и останатите членови се жалеа дека работата на засега неименуваниот нов албум оди очајно, тие сега се задоволни од музичкото парче кое е во самиот финиш.

Албумот официјално ќе биде пуштен во продажба на 25 септември.

{youtube}A8xNSiDIDng&ob=av2e{/youtube}

- Реклама -