Има места во светот кои откако ќе ги посетите не можете да останете неутрални при изразувањето на ставот. Едноставно, или премногу ви се допаѓа или почнувате да го мразите. New York city е веројатно најблизу до оваа типизација. Благодарениe на луксузниот статус кој го живее, бројните филмови, митот за отстварување на сите соништа го прават неодолив кај многу трагачи по социјален статус.
Но неизбежно е да се спомене и онаа друга страна каде спаѓа брзиот начин на живот, сивилото, огромните облакодери, чувството дека или ќе успеете или „ќе ве проголта“.
Погледнете ја оваа серија на фотографот Брад Слоан од Орегон, која повеќе не доближуваа до онаа „мрачна“ страна. Ова е резултат од неговата тродневна прошетка. Во која група спаѓате вие? Би сакале ли да живеете тука?