Љубовта може да ја намали болката, велат невролозите

Повеќе...Љубовта боли, според авторите на романтични песни, но според научниците, таа може и да помогне во смалувањето на болката. Најновото истражување сугерира дека љубовта може да делува на сличен начин како таблетите против болка.

Љубовта боли, според авторите на романтични песни, но според научниците, таа може и да помогне во смалувањето на болката. Најновото истражување сугерира дека љубовта може да делува на сличен начин како таблетите против болка.

lovebrainВо истражувањето на Универзитетот Стенфорд биле вклучени 15 студенти, сите во првите 9 месеци од врската, кога „љубовта е најсилна“. На студентите им било кажано со себе да земат фотографија од својот партнер и фотографија од некој познаник, кој го сметаат речиси исто толку атрактивен како и својот партнер.

Додека им биле покажувани фотографиите им била нанесувана и слаба болка, со помош на компјутерско контролирано термичко перниче.

Научниците кои го извршиле овој експеримент користеле функционална магнетска резозанца за да ја измерат активноста во различните делови на мозокот. Познато е дека силните чувства за љубов предизвикуваат интезивна активност во некои делови на мозокот. Овие делови се поврзани со допаминот, кој прави да се чувствуваме подобро, во ситуации поврзани со задоволства, од јадење чоколадо, па сѐ до земање дроги.

Било откриено дека гледањето фотографии од љубените им ја намалувало перцепцијата на болката, многу повеќе отколку од гледањето на другите фотографии. Доктор Џаред Јангер, кој бил директно вклучен во истражувањето, вели дека „анестезијата предизвикана од љубов“ ги вклучува попримитивните функции на мозокот, работејќи на сличен начин како и таблетите против болка. „ Еден од поважните делови на мозокот е nucleus accumbens (колекција од неврони), кој е центар за зависни супстанци, како што се дрогите. Тој дел од мозокот ни вели да продолжиме со тоа“.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Докторот Пол Гилберт, невропсихолог од Универзитетот во Дерби, вели дека врската помеѓу емоционалните состојби и перцепторите на болка била јасна. Тој додава: „Еден пример е фудбалер кој има голема болка, но е способен да ја продолжи играта, бидејќи неговата емиционална состојба е засилена“. Тој иако вели дека резултатите од Стенфорд се засновани само на почетокот на врската, тие повторно можат да се појават и подоцна во врската, со чуството на комфорт – кое го лачи хормонот ендорфин.

„Важно е да разбереме дека луѓето кои се осамени и депресивни имаат ослабнати перцептори за болка, додека пак, спротивно е кај оние кои сакаат и се сакани. Ова може да биде важно за здравствените установи, кои пациентите само ги поминуваат низ системот – и можеби повеќе ќе се фокусираат на нивната емоционална состојба“. [Love can ease pain, say brain researchers]

- Реклама -