Љубов на поинаков начин

Повеќе...

Јапонските мажи имаат нов начин да ја искажат љубовта кон нивните партнерки – двата збора ги извикуваат на цел глас во централниот парк во Токио.

Јапонските мажи имаат нов начин да ја искажат љубовта кон нивните партнерки – двата збора ги извикуваат на цел глас во централниот парк во Токио.

ljubov.jpg

Тие почнале да се собираат во Hibiya Park во центарот на Токио за што погласно да ја изјавуваат нивната наклонетост.
Takeshi Azuma на цел глас и’ рекол на неговата сопруга Ayako: "Те молам, остани со мене додека смртта не нѐ раздели. И фала ти што се омажи за мене."
"Тоа навистина ме трогна, затоа што обично од него не слушам ништо како ‘Те сакам’", изјавила Ayako.
Човекот кој стои зад оваа идеја Kiyotaka Yamana го започнал денот "Сакајте ја својата жена" по распадот на неговиот брак. "Понекогаш дома може да биде тешко да се оствари комуникација помеѓу сопружниците. Па зошто тогаш да не се направи тоа на некое јавно место? Тоа може да ја освежи вашата комуникација", рекол тој. "Кога велите ‘Те сакам’ на англиски тоа е некако полесно и подиректно. Но кога истото го кажувате на јапонски се чувствувате непријатно", рекол Ichiro Iwasaki.
Tadashi Amaha се сложил со тоа: "Јас никогаш не би изјавил такво нешто дома. Кога би и рекол на мојата жена нешто слично, таа сигурно би ми вратила со: ‘Што ти е? Да не си полудел?’"
Како и да е некои мажи се покажале помалку романтични, но повеќе практични. 
Еден човек во паркот извикал: "Никогаш не сум помислил дека брачниот живот може да биде толку убав. Те молам продолжи да ми правиш убави оброци." [Japanese men find new ways to say ‘I love you’]
- Реклама -