Низ страниците на најмистериозната книга во светот

Ова дело е напишано на непознат јазик и е илустрирано со бројни илустрации на непознати билки… Содржи непознати космички приказни, како и слики на жени кои се капат во мали садови.

Со можноста за реставрација на манастирот Вила Мондрагон, трговец на антикварница за книги, Британецот  Вилфрид Војнич пронашол книга напишана на непознат јазик.

Vojnich
Вилфрид Војнич

Со оглед на тоа дека за реставрација на манатирот биле потребни пари, трговецот лесно дошол до книгата која до ден денес ја интересира јавноста, а дешифрантите ги остава збунети.

Војнич заедно со книгата добил и листа од претходните сопственици, која завршува во 17 век, а се поврзува со важни имиња од таа доба. На листата стои следниот текст:

Овој кодекс му припаѓал на Рудолф II, цар на светото римско царство (1576 – 1612) кој платил 600 златни дукати и верува дека е ова дело на филозофот и изумител Роџер Бејкон од 13. век.

1

Многу е веројатно книгата да дошла до царот Рудолф, преку велшкиот астролог Џон Дија кој ја поседувал заедно со останатите ракописи на Бејкон.

 

Книгата била во сопственост на Војнич од 1912 до 1969 година, кога влегла во библиотеката на Универзитетот Јел.

Освен што е напишана на непознат јазик и има илустрации од непознати билки, книгата содржи непознати космички и астролошки прикази, како и слики на жени кои се капат во мали садови.

voynich_041113_620px

2

 

 

 

Ова навело дел од оние кои ја тумачеле да ја поделат во неколку поглавја: ботаника, астрологија, медицина, космологија и фармација.

Сепак, по сите обиди книгата се уште е мистерија.

4

Со години се сметало дека сето ова е една голема измама директно од Војнич, бидејќи тој ја поседувал, а воедно поседувал и знаење за да состави таква книга, со оглед на тоа што цел живот бил опкружен со антикварни книги.

3

Тие сомнежи ги оспорува др. Марчело Монтемури од Универзитетот во Манчестер и др. Дамјан Занете од Аргентина. Тие со помош на семантичка анализа дошле до заклучок дека текстот има структурна логика, која ја поседуваат и познатите јазици.

Voynich_Manuscript_(104)

 

Книгата содржи 170 илјади пишани знаци кои најчето меѓусебно се одделени со коси прореди. Благодарение на интернетот деловите од кннигата станаат достапни за целата јавност, а со тоа и најголемо искушение за шифрантите и љубителите на мистерии.

Од друга страна, некои останаа скептични, откако многу брилијатнтни умови занемеа пред ракописот. Како што вели др. Монтемуро, зад овие ракописи стои приказна која што никогаш нема да ја дознаеме.

 

- Реклама -