За време на Виетнамската војна, американската армија им даде на новинарите огромна слобода да влегуваат во борбените зони. Фотографии од фронтовите излегуваа во сите весници, а снимки од конфликтот имаше на сите телевизии во САД.
Фотографите и самите станаа еден вид војници, ризикувајќи ги животите за да ги пренесат приказните на американските војници пратени на другата страна на планетата, во страшно непопуларна војна меѓу американскиот народ.
50 години подоцна, каталогов овозможува вивиден увид во еден од најтешките конфликти во кои САД имаат учествувано – како во самото срце на војната и нејзиниот хорор, така и во изразитите баналности.
1966: Американските маринци по целовечерна борба со виетнамските сили. Хеликоптерот со оружје и муниција бил соборен.
Виетнамка плаче за сопругот, чие тело е најдено во масовна гробница.
Ранет војник.
„Дома е каде што ќе ископаш“, им пишува над бункерот.
1971: Симболот за мир исцртан близу американскиот Камп Игл, веројатно направен од американски војници, со булдожери.
Американски хеликоптер го подигнува телото на мртов војник.
Полесно ранети виетнамски цивили и трупи се обидуваат да се качат во јужновиетнамски евакуационен хеликоптер.
Војник поминува низ поле со стапици од наострени шилци од бамбус.
Евакуација на повредени американски војници.
Товарење на запленета муниција.
Луѓе носат жртви од американските бомбардирања таканаречени „Christmass bombings“ врз Ханој и Северен Виетнам.
Пошта.
Сите со затнати уши.
Жители гледаат во соборениот хеликоптер на ден пред преземањето на Сајгон.
Воена вежба на северно-виетнамските војници.
Американци го носат ранетиот соборец низ мочуриште.
Истото го прават и виетнамските.