Нивната смрт сеуште е мистерија…

Смртта е неизбежниот крај на животот. Најчесто причините за истата се очигледни, па ретко се остава простор за шпекулации на оваа тема.Сепак, смртта на некои ѕвезди станува причина за бомбастични  наслови во вестите на телевизија или во печатот. Во оваа листа ви претставуваме кои се ѕвездите за чија што смрт сеуште се прераскажува некаква мистериозна приказна.

Џими Хендрикс

Jimi-Hendrix

Џими Хендрикс е познато име од американската музичка сцена. Тој  до денешен ден се смета за еден од најдобрите гитаристи во историјата. Џими умрел на 27-годишна возраст, а неговата смрт е поврзана со употреба на дрога. Гитаристот влегува во прочуената  листа „Клуб 27″, кој вклучува познати музичари кои починале на 27 години. Меѓу нив се Курт Кобејн, Џенис Џоплин, Ејми Вајнхаус, Џим Морисон и други, за кои постои верување дека случајноста да починат на 27 години, можеби и не е случајна.

Бади Холи

Buddy_Holly_General_Publicity_Image_credit_Popperfoto_GettyImages_20110428_83200

Бaди Холи e познат како блескава  ѕвезда на рокенрол сцената. Загинал во несреќа крај Clear Lake. Автобусот на музичарот бил оштетен  и затоа Биди одлучил да лета со чартер лет. Ако останел  само една ноќ во оштетениот автобус, немало  да загине во авионската несреќа.

Мерилин Монро

Marilyn-Monroe-bed-e1343918603672

Последната љубов на Мерилин Монро бил Џон Кенеди, кој подоцна станува  претседател на САД. Сепак, во врска со нивната љубов постоеле гласнини кои никогаш не се докажани. Мерилин била пронајдена мртва во нејзината спална соба, од страна на нејзиниот психијатар и пријател Ралф Гринсен. Медицинската експертиза покажала дека смртта настапила како резултат на  труење, поради што случајот бил запишан како самоубиство. Љубителите на теориите на заговор се сомневаат дека Кенеди е поврзан  со нејзиното „самоубиство“.

Ричард Џејмс

Richey-Edwards_1120118c

Едвардс Ричард бил музичар и текстописец во алтернативна група. Песните му биле доста интелектуални и политизирани, па  можеби токму тоа е причината што  Едвардс еден ден едноставно исчезна. Бил прогласен за мртов дури 13 години подоцна. Неговото тело сепак никогаш не било пронајдено.

 

- Реклама -