Ниту еден од учесниците на Конгресот на СДСМ не патувал во подрачје со eпидeмија на коронавирусот

Генералниот секретар на СДСМ – Љупчо Николовски, негира дека пapтијата не ја почитува владината препорака да не се одржуваат јавни собири.

Одговарајќи на новинарско прашање, Николовски истакна дека, напротив, пapтијата ги почитува владините препораки и затоа сите учесници на денешниот конгрес претходно потпишале изјава дека во последните 15 дена не патувале во подрачја зафатени од коронавирусот, пренесува „САКАМДАКАЖАМ.мк“.

Делегатите на конгресот ги добиле и потпишале изјавите, па дури потоа ги добиле материјалите, истакна Николовски, кој додава и дека годинава СДСМ нема гости од странство, за разлика од досега, токму поради eпидeмијата на коронавирусот.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема
- Реклама -