Nissan објави дека во опремата на новата лимитирана серија X-Trail X-Scape ќе биде вклучен еден интересен и невиден досега во автомобилската индустрија додаток.
Во опремата на секој еден од претставниците на серијата, кои ќе бидат вкупно 1.200 за Европа, ќе биде додаден дрон на фирмата Parrot, кој е во состојба да снима висококвалитетни фотографии и видео. Со воведувањето на необичниот екстра додаток од Nissan им ветуваат на идните сопственици на X-Trail X-Scape навистина незаборавни спомени од нивните авантури, особено со оглед на тоа дека дронот има функција за следење на објекти во движење. Самиот дрон Parrot Bebop 2, кој тежи 500 грама и е со автономија на летање до 25 минути, доаѓа со можност за управување како со помош на далечински управувач, така и со специјалните очила Parrot Cockpitglasses.
Лимитирана серија Nissan X-Trail X-Scape е развиена на топ-нивото на опрема Tekna и располага со 1.6 литарски дизел мотор со 130 коњски сили. Во опремата на автомобилите се вклучени ентериер со кожен тапацир, електрично прилагодливи седишта со греење, двозонски клима уред, панорамски стаклен покрив, систем за видео надзор околу целото возило за помагање при паркирање Intelligent Around View Monitor и друго.