Nissan Juke според оригами техника

Компанијата Nissan претстави модел на кросоверот Juke, направен од листови хартија. Возилото е создадено во чест на 5-годишнината од појавата на компактниот теренец, чија продажба започна во октомври 2010 година.

Над проектот работел британскиот уметник Овен Гилдерслив – експерт за јапонската техника оригами. Изработка на моделот одзела повеќе од 200 часа и над 2.000 листови хартија.

„Ваков проект бара целосно посветување, бидејќи е доста нестандарден, но на крајот вредеше! Тој во себе има многу различни методи фокусирани во техниката на оригами, која е отелотворена и во самите корени на брендот Nissan“, коментира уметникот.

Според Гилдерсив тоа го објаснува на свој начин. За да биде создаден кросоверот ангажирани се илјадници луѓе, кои придонесоа за тоа Nissan Juke да се претвори во реалност, а за изведбата која тој ја креираше требаа илјадници листови хартија. Напорите на истите луѓе продолжуваат и денес, тие континуирано работат на развојот и производството на компактниот теренец.

Автоплус

- Реклама -