На годинашново rally-raid напреварување Silk Way Rally во Русија, кое стартуваше во Москва и по седум дена финишираше во Сочи, беше претставена buggy верзијата на популарниот Нисанов кросовер Juke.
Патот на свилата е авантура која за многумина е увертира пред следното Dakar Rally, кое во јануари повторно ќе се вози во Јужна Америка. На ова рели се најдоа премногу силни тимови, а тимот на Dessoude се претстави со специфична изведба на Нисановиот Juke, со луд дизајн во рели стил.
Но, не само нов дизајн, за ова цел има и новоразвиено потпирање, унапреден мотор и повеќе технички подобрувања. Многу детално е работено врз новото Oryx buggy. Тимот на Dessoude во Русија ги откри сите детали што ги красат трендовските баги верзии, а Juke повторно ги истакнува своите вредности и ефикасност за неговите нови настапи на сите видови терени.
Како што вели Андре Десуд, еволуцијата не е ограничена само на фејслифтингот, туку има сосем нова засилена шасија, што дава можности за надградба на новите форми и облик, направени се одредени механички промени, подобрувања има и во потпирањето, како и во системот за сопирање. Благодарејќи на соработката со Жан-Марк Шмит, брилијантен инжинер, постигната е рамнотежа на температурите: на моторот, работната и надворешната.
На Патот на свилата во должина од 3.000 километри, во годинашново четврто издание, на стартот зедоа учество над 100 екипажи во конкуренција на возила и 25 во камиони. По шест етапи триумфираа: кај автомобилите Русинот Борис Гадашин на G-Force Proto, а кај камионџиите неговиот сонародник Ајат Мардеев на Kamaz.
Објавено во соработка со Авто Плус.