Nissan Infiniti со нов SUV

suv1

Луксузната марка на Nissan Infiniti го претставува на автомобилскиот салон во Пекинг концептниот QX Sport Inspiration, кој  демонстрира како ќе изгледа серискиот модел на Јапонците во оваа класа.

suv2Концептот е уште една реализација на новата дизајнерска филозофија на Infiniti – Powerful Elegance и комбинира чисти и мазни линии со моќен стајлинг и нови форми на светлата. Концептот е со камери наместо странични ретровизори и нема рачки на вратите, а ентериерот се одликува со мал број на апарати, бидејќи голем дел од функциите на возилото се водени преку екран чуствителен на допир на инфозабавниот систем. Спортскиот дух се засилува од анатомски седишта и управувачот со рамно дно, а техничките податоци на концептот се уште не се објавени.

suv3Во Пекинг ќе го видиме моделот со конвенционален погон – бензински мотор и автоматска трансмисија, а подоцна ќе биде лансирана и хибридна верзија, а и дизелска за европскиот пазар.

suv4 suv5

Автоплус

- Реклама -