Првиот електричен автомобил кој го привлече вниманието на ентузијастите беше Роудстер од Тесла. Во 2006 година основачот на PayPal Елон Маск го позајми презимето на иноваторот и користејќи шасија од Лотус Елис и лаптоп батерии на стероиди создаде хит.
Пет години подоцна, Нисан сака да привлече дел од вниманието на Тесла за себе. Во март јапонскиот производител планира да го претстави својот нов електричен двосед на Саемот за Автомобили во Женева. Голем дел од вестите и фотографиите кој можат да се сретнат на интернет се обид на производителот да привлече внимание на сопствениот напор во полето на електрични автомобили. Тајмингот за ова претставување е идеален. Електричниот Nissan Leaf треба да започне со продажба оваа пролет, и Esflow е очигледно концепт автомобил кој треба да создаде кул имиџ за електричните возила на компанијата.
Но, Нисан би можел сериозно да размислува за сериско производство на Esflow и можно е саемот во Женева да биде шанса за тестирање на реакцијата на потенцијални купувачи. Ако тоа е вистина, тогаш според фотографиите возилото има голем број привлечни елементи. За почеток, концептот Esflow има дизајн кој потсетува на спортското купе 370Z. Големите тркала се турнати во екстремните агли на автомобилот. Иако Нисан сè уште нема ослободено фотографии од ентериерот, на една од фотографиите од екстериерот јасно се гледаат седишта во тркачки стил, што би можело да биде индикација за спортскиот дух на овој електричен автомобил.
Што се однесува до способностите на Esflow, од Нисан велат дека литиум-јонските батерии ќе обезбедуваат електрична енергија за два мотори поставени на задните тркала кои ќе му дадат на автомобилот забрзување од 0-100 за околу четири секунди. Esflow ќе може да помине околу 240 километри со едно полнење на батериите. Тоа е околу една третина повеќе од Leaf. Автомобилот е опремен со вообичаените технолошки елементи, LED светла, LCD монитори и алуминиумска шасија со ултра низок профил и интегриран рол бар. [Nissan to unveil Esflow EV roadster at Geneva]