Нискокалорични бомбици, само 88 калории

Дали некогаш сте пробале торта со морков? Тортата со морков е навистина вкусна, но содржи голем број на калории, кои сигурно не ви се потребни во деновите кога сакате да ги намалите вишокот килограми. Но, како да издржите неколку дена а да не уживате во вкусот на некој убав десерт? 

Овој рецепт сигурно ќе ви се допадне, бидејќи овие нискокалорични бомбици не само што сте слатки и вкусни, туку тие не содржат големо количество калории и го снабдуваат вашиот организам со протеини.

Состојки

1 шолја сурови индиски оревчиња
3/4 шолја овес
1/2 шолја суви урми
100 гр незасладена каша од јаболка
1 ванилин шеќер
1/2 лажичка цимет
1/4 лажичка мелено мускатно оревче
1/8 лажичка каранфилче
1 рендан морков
1/2 шолја сечкани ореви
1/3 шолја незасладен кокос

Начин на подготовка

Во блендер ставете ги индиските оревчиња, овесот, урмите, кашата од јаболка, ванилин шеќерот и зачините. Мешајте неколку минути додека не добиете смеса слична на тесто. Потоа, додадете ги ренданиот морков и оревите и убаво изблендирајте. Смесата којашто ќе ја добиете треба да биде малку леплива. Во посебен сад ставете го кокосот.

Од смесата земајте помали делови и правете мали топчиња, кои потоа ќе ги валкате во кокосот. Сите топчиња наредете ги на чиста хартија за готвење. Оставете во фрижидерот, најмалку 30 минути за да се оладат. Уживајте во ова вкусно задоволство, кое секое содржи околу 88 калории!

- Реклама -