Ниските луѓе полошо поминуваат во болница

Пациентите кои завршуваат на интензивна нега, а се со понизок раст, имаат поголеми шанси да умрат во болница. Се работи за прилично интересни резултати од истражување спроведено во Британија врз околу 40.000 пациенти.

Уште една случајна корелација претставена како каузалност, сигурно си мислите. Но, не е баш така. Пониските луѓе почесто умирале во болница и кај мажите, и кај жените. Имено, во просек 1 од 5 (значи 20%) високи мажи умира на интензивна нега во Британија, но кога се работи за пониски мажи, тој процент се искачува на 29.2%. Во просек умираат по околу 17.1% од високите жени во болница, а кај ниските тој процент е 24.1%.

Прочитајте и:  Турција: Криминална група и медицински лица обвинети за усмртување на бебиња за пари, обвинителот бара над 500 години затвор

Па, која е причината? Според експертите, ова се должи, барем делумно, на тоа што медицинската опрема е произведена и поставена за луѓе со просечна висина, пренесува „Дејли мејл“.

Се случува и кога на ниските луѓе им се дава преголема доза лекови, како седативи, што знае да доведе до поспаност и целосно престанување на дишењето.

Погрешната големина на цевките за дишење, исто така, може да предизвика оштетување на гласните жици кај пониските луѓе, покажува истражувањето.

- Реклама -