Нишлии направија бурек за „Гинис“

burek0_pУчесниците на годинашната „Бурекчијада“ во српскиот град Ниш успеаја да
направат бурек со пречник од 2 метра и тежок 100 килограми. Со овој
свој пекарски специјалитет нишките бурекчии атакуваат за место во
„Гинисовата книга на рекорди“.


burek0Учесниците на годинашната „Бурекчијада“ во српскиот град Ниш успеаја да направат бурек со пречник од 2 метра и тежок 100 килограми. Со овој свој пекарски специјалитет нишките бурекчии атакуваат за место во „Гинисовата книга на рекорди“.

Претседателот на Унијата на приватните пекари од нишкиот регион Братислав Вукадиновиќ изјавил за српските медиуми дека за да се направи овој џиновски бурек, биле потрошени 50 килограми брашно, 20 килограми маст и 20 килограми сирење. Кружниот бурек во тој крај е познат уште од 1498 година, кога прв пат го направил турскиот пекар Мехмед Оглу од Истанбул.

Според некои податоци, секој ден околу 20.000 нишлии појадуваат бурек, односно се претпоставува дека во градот месечно се јадат 150 тони од пекарскиот специјалитет. виа.

- Реклама -