Нинисто: Турција и Ердоган донесоа одлука за прием на Финска во НАТО

Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган донесоа одлука за прием на Финска во НАТО, која официјално ќе биде објавена в петок за време на посетата на финскиот претседател, соопштено е денеска во Хелсинки.

„Турците се надеваа дека ќе бидам таму за да го слушнам нивниот одговор кога ќе ја соопштат својата одлука. Се разбира, јас ја прифатив поканата и ќе одам да ги добијам нивните искажани намери“, наведе финскиот претседател Саули Ниинисто во изјава.

Турскиот претседател, кој во моментов води кампања за реизбор, од минатата година го блокира пристапот на Финска и Шведска до Алијансата, а веќе утрово посочи дека позитивно ќе одговори на ветувањето дадено во Хелсинки дека земјата ќе влезе во Алијансата.

Прочитајте и:  Во Балтичко Море оштетен и подводниот телекомуникациски кабел што ги поврзува Шведска со Литванија

„Ние ќе го направиме нашиот дел, ќе го почитуваме ветувањето што го дадовме. Ќе се сретнеме со претседателот в петок и ќе го направиме она што го бара нашето ветување“, рече Ердоган.

Финска и Шведска заеднички аплицираа за влез во НАТО во мај 2022 година.

МИА

- Реклама -