Сигурно сте ги виделе овие луѓе облечени во црно како го напаѓаат херојот во некој филм. Но колку навистина знаеме за мрачните воини од феудална Јапонија? Време е да се одреди што е мит а што факт.
Сигурно сте ги виделе овие луѓе облечени во црно како го напаѓаат херојот во некој филм. Но колку навистина знаеме за мрачните воини од феудална Јапонија? Време е да се одреди што е мит а што факт.
Нинџите биле клан на злобни атентатори платеници
Мит! Во филмовите нинџите се прикажани како злобни платеници кои излегуваат од секаде за да ги претворат херојот во мелено месо. Во реалноста нинџите припаѓале на планински народ кој постојано и систематски бил малтретиран од самураите кои владееле пред 400 години. Најчесто биле фармери. За да се одбранат создале боречка вештина наречена Нинџитсу, „уметноста на невидливост“. Во тешки финансиски времиња се случувало по некој нинџа да изврши некое дело за пари. Овие неколку одметници станале стереотип за нинџата како убиец.
Еден нинџа можел да порази и до пет војници истовремено
Факт! Тренингот на нинџите бил специјално дизајниран за да ги подготви за борба против повеќе противници. Но за нив бегството било победа. Нивните непријатели од градовите биле побројни, па нинџите тренирале да користат „валкани“ тактики кои би го исплашиле или повредиле непријателот за да добијат време да избегаат. Самураите биле обучени за борба еден на еден со противник кој активно напаѓа, а не брз непријател кој удира по коленото и исчезнува. Нинџите целеле да завршат што е можно побргу.
Сите нинџи биле мажи
Мит! Жени нинџи биле нарекувани куноичи. Понекогаш некои од нив носеле мечеви како мажите, но повеќето биле обучени како шпиони и гласници чија задача била прибирање на информации кои ќе му помогнат на кланот. Тие ја користеле илузијата на ранливост во своја корист и користеле тајни оружја како марами, лепези, чешли и чадори ако биле приморани да се борат.
Нинџите секогаш носеле црно
Мит! Вистинските нинџи се облекувале по потреба и најчесто во нормална облека. Кога се прикрадувале во непријателски камп се облекувале во униформа на непријателски војник за да можат слободно да се движат. Но до периодот Едо (1603-1867) станале толку популарни што писатели почнале да ги користат во нивните драми. За да ја доловат репутацијата на невидливост на нинџите, театарските групи ги претставувале исто како и помошниците, облечени во црно за да не се видливи. Од таму и потекнува овој мит.
Тренингот на нинџите подразбирал одење низ оган, стоење во студена вода, висење од карпи
Факт! Со изминувањето на периодот Едо нинџите ја напуштиле нивната таинственост. Немало повеќе феудални војни. Нинџа учителите почнале да пишуваат книги и отварале училишта за да обучуваат нови нинџи. На овој начин нивниот боречки стил станал познат во целиот свет. Во осумдесетите години од минатиот век американскиот филм Enter the Ninja започна нинџа тренд во Америка по што беа отворени многу училишта и денес таму има илјадници нинџи.