Нилски коњ како милениче

eahippo19_pКога новородено нилско коњче беше донесено со поплава на поседот на еден фармер, тој го згрижи малото животно и го врати во живот. Младата женка преживеа, почна да расте и растеше и растеше… и п-о-р-а-с-н-а!

Кога новородено нилско коњче беше донесено со поплава на поседот на еден фармер, тој го згрижи малото животно и го врати во живот. Младата женка преживеа, почна да расте и растеше и растеше… и п-о-р-а-с-н-а!

Сега таа мисли дека е семејно галениче и стана огромен проблем. Беше крстена Џесика, модерно име за сегашниот тинејџер кој не сака да ја напушти куќата.

Обидите да се врати во дивината беа неуспешни, бидејќи би можела да биде нападната од останатите нилски коњи или пак убиена од локални фармери кои си ги штитат своите имоти.

eahippo19

Овие слики ја покажуваат причината зошто таа не сака да си оди. Таа јаде, спие, плива и си игра со пензионираниот чувар Тони Жуберт и неговата жена во нивниот дом во Јужна Африка.

Меѓутоа скоро секоја ноќ, таа се капи во калта во најблиската река и потоа доаѓа во спалната каде сака да легне со своите пријатели. Досега три пати го има скршено креветот, а проблем претставува и чистењето.

Уште поголем проблем е што е женка, па многу огромни мажјаци се појавуваат на брегот на реката да и се додворуваат.

[Pet hippo becomes a weighty problem]

- Реклама -