Нил Патрик Харис ќе ги води овогодишните награди Emmy

Ѕвездата од популарната телевизиска серија „How I Met Your Mother“, Нил Патрик Харис се враќа на сцената на театарот Нокиа во Лос Анџелес, четири години откако веќе еднаш ја водеше церемонијата на доделување на главните телевизиски награди Emmy.

„Премногу сум возбуден и почестен затоа што ќе ги водам овогодишните награди Emmy. Каков совршен тајминг – само ќе го повторам истото сценарио за Tony (The Antoinette Perry Award for Excellence in Theatre)“, рекол актерот.

Инаку тој по трет пат ќе ги води театарските американски награди.

Овогодишните Emmy се 65. по ред,а ќе се доделуваат на 12 септември. Номинациите ќе бидат објавени на 18 јули.

- Реклама -