Николовски: Освежување на клучните партиски позиции ќе има и при изборот на кандадати за градоначалници

„СДСМ е фаворит за престојните локални избори, но ние мора да предложиме, а граѓаните да изберат чесни и одговорни кандидати. Ќе овозможиме и членовите да гласаат или да се определат за некои од кандидатите“, изјави генереалниот секретар на СДСМ – вицепремиерот Љупчо Николовски, во вестите на „Сител“.

Тој изрази увереност дека освежувањето со две-третини нови членови во Централниот одбор на партијата и со нови луѓе на клучните позиции во партијата – ќе продолжи и при изборот на кандидати за советници и градоначалници на претстојните локални избори.

Николовски потенцираше дека во рамки на партијата внимателно се следи работата на градоначалниците од нивните редови. Според истиот, во периодот од 2016 до 2020 година, евидентирани се реализирани околу 6.400 од ветените проекти на градоначалниците и советите од СДСМ, додека, истовремено, 4.000 се во тек на реализација, посочи генералниот секретар на партијата. За споредба, 1.900 проекти не се започнати, но тоа, уверува Николовски, ќе се случи во преостанатиот период од мандатот.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

Николовски истакна и дека СДСМ постојано ги мотивира своите функционери да ја забрзаат секоја испорака на резултати пред граѓаните, и на локално, и на централно ниво.

„Ќе ги искористиме сите модерни алатки кои што ги имплементиравме во изминатиот период, како целокупната реевиденција на над 80 илјади членови. Постапката за кандидирање на членови за кандидати за градоначалници и советници ќе започне кон крајот на месецот, а ние ќе направиме и истражување на јавноста за тоа што мислат граѓаните за одредени кандидати“, додаде тој.

- Реклама -