Николовски: Граѓаните нема да чекаат на шалтери, сите изводи ќе ги имаат преку Централниот регистар – со тоа ќе се намали и корупцијата

„Граѓаните во иднина нема да чекаат во редови пред шалтерите за да добијат извод од матичните книги на родени, венчани и починати, туку сите тие потврди ќе бидат заменети со само една потврда од Централниот регистар на население“, истакна вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски во гостувањето во „Топ тема“ на „Телма“, откако денеска со премиерот Зоран Заев го презентираа антикорупцискиот план усвоен на денешната седница на Владата.

Николовски повтори дека ова е една од мерките за намалување на корупцијата, бидејќи во наведениот процес се намалува улогата на човечкиот фактор.

„Анализите покажаа дека подигање на нивото на дигитализација и намалувањето на човечкиот фактор имаат улога во намалување на корупцијата. Во текот на следните 20 дена ќе се синхронизираат базите на податоци, за да се олесни процесот на дигитализација, бидејќи потребно е граѓаните само еднаш физички да се појават за да тој извод се искористи во банка, катастар и секаде каде што е потребно. Исто така е потребна промена на 100 материјални закони кои ќе го олеснат овој процес“, појасни Николовски.

Прочитајте и:  Агелер: Црната листа е многу динамична - постојано се разгледуваат имиња и едвај чекаме да додадеме нови
- Реклама -