„Го гледам Заев, свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам, тие друго спинуваат. Очај!“, порача потпретседателот и носител на листа во Изборната единица 4 на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николоски, денеска на Фејсбук.
„Им се смеат луѓето“, додава тој. „Белото не може да е црно. Ама и жално е на што паднаа.
Голем пораз те чека, Заев, и во Четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност“, му порача Николоски на својот политички опонент, вклучително и во ИЕ4.
„Знам дека стравот е голем и затоа очајот е голем. И да те повикам уште еднаш – дали си во состојба да го докажеш потеклото на сопствениот капитал и капиталот на твоето семејство?“, напиша Николоски.
Неговиот пост следува откако денеска и вчера беа објавени прислушкувани разговори во кои тој и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески се главни актери.