Ја запознавме како водителка на Големиот брат и Операција тримф.
Хрватската водителка Николина Пишек, честопати се појавува во медиумите како моден критичар на Балканските ѕвезди.
Но, дали овој фустан не заслужува најголема критика?!
Водителката се фотографираше на Канскиот фестивал со Леонардо Ди Каприо и со Кончита облечена во бел фустан во „два дела“ од кој горниот е летен, а долниот потсетува на пуфкастите зимски чизми кои што беа хит пред неколку сезони.
Со линија која и ги следи облините на телото, веројатно без градник и со два дела кои тотално не соодвестуваат еден со друг, ова е дефинитивно модната катастрофа на на денот.