Никола Ѓуричко со бендот „Џони Миднајт трио“ во Скопје

На 3. јули во Јавна соба ќе се одржи концертот на Никола Ѓуричко и неговиот бенд Џони миднајт трио.

Овој неодамна формиран рок бенд е како да гледаме стaри ноти на песни на легендарни екс ЈУ бендови, но со многу силен личен печат. Обработените песни, кои ги слават авторите кои ги почитуваат како Џони Штулиќ, ЕКВ, Шарло акробата и други, се отсвирени многу поинаку. Нивната песна “Лептир” личи како да е створена во раната фаза на новиот бран, под големо влијание на британската сцена. 

Никола Ѓуричко инаку важи за еден од најдобрите балкански актери со холивудска кариера, успешен регионален стендап комичар, а глобално се прослави преку ликот на Јури во мега-популарната продукција на Нетфликс, „Stranger things.”

Прочитајте и:  Iron Maiden ќе прослават 50 години постоење со нова светска турнеја

Во неговата филмска кариера до сега успеа да оформи фантастични ликови во легендарни остварувања како „До коска” (Do koske), „Молњи” (Munje), „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур” (Kad porastem bicu Kengur), „Зона Замфирова”.

Концертот почнува во 21.00 часот на терасата на Јавна соба, а билетите можат да се набават преку www.drugastrana.mk/event/djoni-midnajt/

- Реклама -