Австралиската актерка Никол Кидман се соблече за новата кампања на Jimmy Choo. Таа се откажа од срамежливите и конзервативни фотографии во најновата кампања за колекцијата пролет / лето 2014. Актерката изгледа волшебно пред објективот, облечена само со кратко црно палто, гладијаторски сандали и жолто-црна ташна врз нејзините голи гради. На другите фотографии Никол како да е целосно гола, во портокалови сандали за 625 фунти и елегантно сако.
„Ми се допадна да направам нешто дрско. Беше забавно да се фотографирам во нови и изненадувачки перспективи. Ова искуство беше провокативно и опасно. Ми се допадна како речиси немав облека, а чевлите и чантите станаа втора кожа за мене”, вели актерката.