Судејќи според фотографиите на ѕвездата Кидман изгледа одлучила да им се приклучи на ѕвездите кои што ја применуваат пластичната хирургија.Овој пат, не се работи за лицето, туку за телото, односно зголемување на големината на градите.
46-годишната убавица се уште не коментираше пред медиумите дали навистина прибегнала до хирургијата, за да си ги зголеми градите, но разликата е повеќе од очигледна:
На настанот “Life Ball” во Мелбурн, Австралија Никол беше придружувана од нејзиниот сопруг. Таа носеше длабоко деколте и должина на фустанот до земјата на модниот бренд Prada. Косата и беше врзана назад, а гламурозниот накит допринесе да изгледа фантастично.
Добитничката на „Оскар” многу пати го признала во интервјуа големиот интерес за ботоксот.
Да се потстиме како изгледаше актерката пред неколку години.