Никој не ја сака собата во која што се родил „Фејсбук“

Никој не сака да живее во просторијата во која беше создаден Facebook.

Соба број H33 на Универзитетот Харвард зафаќа површина од 46,5 квадратни метри. Нема клима, кабловска телевизија и во моментов таму живеат три девојки. На вратата нема табличка или друг знак со кој станува јасно дека токму таму е основана компанијата која што денес е проценета на 265 милијарди долари и се користи од страна на 1,5 милијарди луѓе во светот.

MZF

„Студентската соба е мала и со тенки ѕидови. Во текот на летото поради горештините мора да се користи вентилатор“, вели една од цимерките.

Девојките всушност сфатиле дека ја населуваат поранешната соба на Марк Закерберг, од друг студент, додека се распакувале.

„Приказната е возбудлива само кога ќе не посети некој нов студент“ вели Реид Бергсунг, која живее во собата веќе две години.

Просторот е доста поразличен од она што се виде во филмот “Социјална мрежа”, вели друга од девојките.

Низ годините собата ја поосетуваат одвреме – навреме фанови на Зукерберг кои ги интересира каде започнала целата приказна, и по некој нов студент.

Трите девојки велат дека порадо би сакале следниот семестар да се преместат во поголема соба, отколку да останат во H33.

- Реклама -