Дејвид Бекам ја покажува неговата неверојатно тонирана фигура во новите фотографии кои ја промовираат неговата H&M Bodywear колекција.
Како што некогаш владееше на фудбалексите терени, сега владее на билбордите. Без маица. Во долна облека. Со совршено тело.
Дејвид Бекам (39) стана заштитно лице, на што друго, ако на линија на машка долна облека за модната куќа H&M.
И додека некои ќе успеат да ја забележат долната облека, поголемиот дел од припадничките на понежниот пол својот поглед го закочуваат на она што е над ластикот- совршеното тело на поранешниот фудбалер.
Сликата ја надополнува навидум неговата несредена фризура, која го зголемува сексапилот, а тетоважите се веќе составен дел од стилот на Бекам.
– Се надевам на луѓето ќе им се допадне како и на мене- рекол Дејвид по снимањето.