По враќањето во хотелот од ревијата на Келвин Клајн на Модната недела во Њујорк, Никол Кидман доживеа несреќа. Ја удри велосипед, а несреќниот возач ќе добие тужба.
Ударот бил толку силен, што актерката се испружила на земја, а папараците нормално го овековечија тој момент. Па, како што доликува на една славна личност ваквата незгода не може да помине без тужба. Но, овој чекор е оправдан во светот на шоу бизнисот затоа што човекот на велоиспедот всушност бил папараци кој ја бркал актерката и кој сакал да направи фотографии од близу.
Како и да е, глетката од Кидман испружена на земја е само за сеир 🙂