Пиратите носеле тешки златни и сребрени обетки на ушите, а тоа не било поради мода.
Според писанијата благородните метали штителе од секакви болести и носеле среќа во морето. Накитот чинел доволно за да обезбеди пари за пристоен погреб. Некои дури го гравирале името на родното пристаниште од внатрешната страна на обетката, па ако некој умре на бродот, вредноста на обетката ги покривала трошоците за транспорт, за да не биде погребан во морето или на туѓа почва.
Носењето на обетки на ушите имало уште една сосема практична цел за живиот морнар. Пиратите, особено оние кои пукале со бродските топови прицврстувале парченца восок на обетките за да ги користат како тапи за уши.