Осумнаесет години по објавувањето на својот успешен соло албум, поранешниот член на групата „Брекстрит Бојс“, се прошета во сина танга низ ходник на една клиника.
А тоа го пренесе национална телевизија.
Да, тоа е Ник Картер, срцекршачот се појави во клиника, во емисијата I Heart Nick Carter, на каналот VH1.
Бидејќи Ник е побуцкаст, за разлика од годините кога беше во врвот на својата кариера, решил да се консултира со лекарите за различните начини за хируршко отстранување на вишокот килограми, а за преглед, на радост на жените ширум светот, неопходно било да носи минијатурна долна облека.
Ник по прегледот сепак решил да ги отстрани вишокот килограми на старомоден начин, преку здрава исхрана и со тренинзи. Само напред, Ник!