Night Wolves Tattoo EXPO 2008

vg_wolves001Мото клубот „Ноќни Волци-Македонија“ (Night Wolves Macedonia) со гордост известува дека на 29-ти март 2008 год, во просториите на Младинскиот Културен Центар (МКЦ), ќе се одржи Втората по ред интернационална ТАТТОО конвенција, "TATTOO EXPO 2008".


Мото клубот „Ноќни Волци-Македонија“ (Night Wolves Macedonia) со
гордост известува дека на 29-ти март 2008 год, во просториите на
Младинскиот Културен Центар (МКЦ), ќе се одржи Втората по ред
интернационална ТАТТОО конвенција, "TATTOO EXPO 2008".

noname

Мото клубот „Ноќни Волци“ и овој пат се јавува како организатор на
истата, се со цел промовирање на оваа уметност кај нас. На конвенцијата
ќе учествуваат (скоро) сите TATTOO и Pierciing артисти од земјава, како
и гости од соседните држави. За забавата да биде незаборавна како и секогаш, ќе се погрижат култните бендови „Дени те чува“ , „WHY NOT“ и др.

Ве повикуваме на незаборавно искуство: добра музика, добри момци и
девојки, опуштена атмосфера, а воедно да си ја збогатите вашата
„колекција“ на тетоважи и пирсови по специјално ниски цени.


Почеток:

11 часот (денска промоција на артистите) и 21 часот (промоција и журка)

Повеќе инфо на: www.nightwolves.com.mk

- Реклама -