Ни се лутат Бугарите – не сме им веќе браќа, туку братучеди

Бугарскиот историчар Кирил Топалов не е баш сигурен дали Македонците сѐ уште им се браќа на Бугарите. Според него, поради сите досегашни билатерални случувања, Македонците им се повеќе како братучеди, а во иднина не се знае дали ќе останат да бидат и тоа:

„Ако продолжат на овој начин да ја навредуваат мајка Бугарија, можеби за брзо време и ќе ги одбратучедиме од себе“, порача Топалов во интервју на „БТВ Новините“, одговарајќи на прашање како Бугарите се довеле во ситуација со „нивните браќа во Северна Македонија“ да одлучуваат што бил Гоце Делчев.

Топалов, кој е член на бугарскиот дел од заедничката историска комисија, или на „бугарско-северномакедонската“ – како што се изрази водителот, порача и дека Македонците не треба да сметаат дека Бугарија „ќе продолжи секогаш да прави отстапки“:

Прочитајте и:  Тензично пред Народниот театар во Софија: Претставата на Малкович го исмејува бугарскиот народ

„Тие треба да го знаат тоа (н.з. дека ќе нѐ одродат од себе). Да не сметаат вечно на тоа дека сме братучеди со нив и како мајка Бугарија секогаш ќе отстапуваме за сѐ во нивната антинародна политика, на тие што владеат 75 години со Македонија“, рече Топалов.

- Реклама -