НИ ГО ДАДОА СТАПОТ ВО РАЦЕ, ЕДНО СТАРЧЕ ЗАГИНА

erekcija-640x330Често пати, на дело сме го покажале нашиот зародиш како цивилизиција, таму некаде од под темелите на Плаошник, од камењата на Климентовата школа, во подножјето на тврдините од Самоил. Александрови потомци се кажуваме. Со целиот свет се испокаравме за да ја докажеме нашата големина. А реалноста ни е жалосна, накај трагична. Траги комична и саркастична. Ние сме производ од микс на најлошите људски особини, напикани у еден казан. Рецепта за торта од која секој би се исповратил и би прашал: Што кур е ова што го голтнав???

И селанецот од Маково што го уби 80 годишниот старец во политичка расправија, ко што видов, живее у руинирана куќа. Гзот му клечел у полско ВЦ в двор, а дома веројатно спиел на патос. Дивјак и оболен лик од политика, го претепа старчето до смрт. Бакалот од карши чул тепање, но не презел ништо. Си ја свртел глаата на страна и си наслушувал сеир. Синот на старецот исто така начул, но се исплашил и побегнал. Се гледате ли бре што скапаници од луѓе сте? Човек ви загина пред очите а не куче, јунаци!!!Со ваква неписмена и долна раја, нашиве елити има да не разшибаваат уште долго. Долго време тука ќе врват нивните приказни и ќе ги фрлаат луѓето у очај, очите да си ги вадат меѓу себе. Како гладот да им е грутка злато што треба да ја делат, па и за него војни да дигаат.

И онаа клапа на сведоци и сеирџии, кои не мрднаа со курот, за да го спасат старчето од смрт, треба да завршат заедно у ќелија со убиецот. И тие и тоа како, носат вина за неговата смрт. Нешто од немање доволно мозок у црпките, нешто од немање муда помеѓу нозете. Бабушот и главниот фраер од пред селската продавница, со стапот во раце го пикна цело Маково во подрум.Таков народ сме ние. Патриоти на дело! Старецот претепан до смрт, селаниве се караат за партии.

Ова е вашата армија патриоти, господа од политичкиот кампус! Со ваков шљам од луѓе, ги делиме одлуките за нашите животи. И ваквиот шљам од луѓе на избори има право на глас. Тој глас вреди подеднакво како и гласот на некој универзитетски професор, на пример. Ако мене некој ме праша, пред гласање, покрај лична карта, секој треба да приложи и лекарско уверение. И секој што отвара кавги и тепачки за политика, да добие печат у книшка и упут за у посебна установа. Да им ги извадат за секогаш СИТЕЛ и КАНАЛ 5 од црпките.Нека ржат меѓу 4 ѕида за нивните Груевци и Заевци. Нормалните бараат тишина и деполитизирање на етерот. Мозоците ни ги исправте, дај одјебете за секогаш со тие ваши пресови и обраќања!!!

Како начув, изборите ќе ги поместеле. И за тоа ме заболе кур и навечер еве не спијам. Вашите избори ги множам со нула. Од вашата зла крв што ја пренесовте на луѓето, ние одамна немаме никакви избори! Вашите стампеда и вашите лакрдии, донесоа ненадоместлива штета по овој народ. Веќе не сме ни народ. Туку ркулци од нешто што можело да биде народ. Народот стана раја, поворката, стампедо, а лагата, глас кој излегува од супер моќниот звучник. Паметните веќе фатија џаде од овде, будалите се уште се мислат. Оние без мозок,нема ни да забележат што се случува. Нив им е најлесно. КАКО ЈЕ ЛЕПО БИТИ ГЛУП, кажа еднаш Бора Чорба…Ужасно бил во право…

НАПИША:БУЛЕВАРКО

- Реклама -