Ни денеска не падна никаков договор на лидерската средба

На денешната лидерска средба, која беше во потесен состав, на барање на Христијан Мицкоски, не е договорено ништо, но барем е постигнато доближување на одредени ставови.

Премиерот Зоран Заев најави нова лидерска средба во недела навечер или понеделник наутро, додека пак Мицкоски, кој е лидер на најголемата опозициска партија, нагласи дека европските вредности треба да се почитуваат, но и дека граѓаните не треба да бидат манипулирани со нејасни референдумски прашања.

Лидерот на најголемата владејачка албанска партија, Али Ахмети, нагласи дека Македонија има историска шанса да тргне по патот на евроинтеграциите и дека истата не смее да се пропушти.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон
- Реклама -