Иако е чудно да се поверува и по 14 години од смртта на Аркан, неговата вдовица Светлана Цеца Ражнатовиќ,не знае што има во неговите сефови кои уште во 1995 година ги закупил во српската Комерцијална банка.
„Апсолутно ништо не знаеме околу содржината на сефовите. Тие се уште се под надлежност на судот“, изјавила пејачката за српските медиуми. Нејзиниот адвокат Миша Петровски објаснил дека сефовите никогаш не и биле на располагање на Цеца.
Комерцијална банка на Србија, вчера во вишиот суд во Белград, кој води постапка против Светлана Ражнатовиќ поради наводен долг од 116.063 евра кон Воислав Ѓурковиќ, доставила извештај во кој се наведува дека двата спорни сефа се на име Жељко Ражнатовиќ Аркан не биле отворени после неговата смрт на 15 јануари 2000 година.
„Банката повеќе пати после смртта се обраќаше до оставинскиот суд за да се попишат предметите и сефовите со број 99 и 231 да се испразнат. До денес никој од судот не се јавил, нити пак клучевите и се вратени на банката“, се наведува ви дописот.