Ни Боливуд не е тоа што беше

Индискиот пандан на познатиот Холивуд предизвика бурни реакции меѓу властите во Индија, вклучувајќи и понуда за висока цена за главите на една актерка и еден режисер.

Имено, функционер на Индиската народна партија понудил награда во висина од околу 1,3 милиони евра за оној кој ќе ги обезглави актерката Дипика Падуконe и режисерот Санџај Лил Бансали.

Во најновиот сè уште неприкажан боливудски филм „Падмавати“ се зборува за наводна врска меѓу хинду кралица и муслимански владетел, тема која, иако е измислена и се базира на еп од 18-тиот век, на властите во Индија очигледно им пречи да биде екранизирана.

- Реклама -